Новинар / ученик: Теодор Чуков
Ментор: Марија Ангова Цветковска
Петар Илиев е тренер на помладокот на фудбалскиот клуб „Дојранско Езеро“. Љубовта кон фудбалот и работата со деца го прави задоволен и исполнет.
Дали сте среќни додека тренирате со нас децата?
Секој талент е важен, а талентите ги откриваме, нормално, од мали нозе кај децата и оттука тренинзите со децата ме прават среќен.

Дали има некој кој Ви помага за време на тренинзите?
За време на тренинзите ми помага уште еден тренер, а тоа е Наќе Балтаков
Дојран е мало место каков е бројот на децата во клубот?
Не значи ако местото е мало дека ја нема заинтересираност за играње фудбал. Напротив бројката што ние ја имаме е доволна, но и со интенција таа да се зголемува.
Колку долго сте тренер на клубот ФК „Дојранско Езеро“?
Тренер на Дојран сум 2 години
Кој е најубавиот момент во вашата тренерска кариера?
Секој момент со децата ми е најубав.

Дали сте задоволни со играта на вашите млади фудбалери?
Задоволен сум со играта, но секогаш може подобро.
Кои се вашите очекувања за турнирот во мал фудбал кој ќе се одржи во Стојаково?
Очекувањата за турнирот ни се секој натпревар да бидеме се подобри, но нормално и да победиме. Сепак на крајот од се најважно е другарството меѓу децата.

Овoј пост е подготвен со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината на текстот е единствена одговорност на ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија.
Регионалната програма „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за поттикнување на медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање на дијалог“ се спроведува од страна на партнерските организации: СЕЕНПМ, Медиацентар од Сараево, Албанскиот медиумски институт, Црногорскиот медиумски институт, Советот за етика во медиумите на Косово, Македонскиот институт за медиуми, Новосадската школа за новинарство, Мировниот институт од Љубљана и Бианет (Турција), со финансиска поддршка од Европската Унија.

