Мисијата на здружението е да поставува професионални стандарди во општественото живеење во областа на: културата, уметноста, образованието, медиумската и комуникациската култура преку вклучување на сите актери во граѓанското општество.
Главни активности на здружението се создавање медиумски содржини (кратки едукативни видеа, документарни емисии, одржување манифестации од областа на културата, обуки и работилници)
Членовите на Здружението поседуваат компетенции за обработка и имплементација на теми од културата, медиумската писменост, врсничкото насилство, родовата еднаквост со поседување на сертификати и дипломи за успешно реализирани проекти.
Дел од членовите се со повеќегодишно искуство и професионални ангажмани во локални и национални медиуми.
Членови од здружението поседуваат компетенции во областите на менаџментот.
Здружението со успех го реализираше проектот: „Врснички форум театар против насилство во училиштата“ со вклученост на 1400 ученика и 240 наставници и „Јас=Медиум“ со вклученост на 1004 ученика и 25 наставника.
Сите права задржани. Copyright 2025.