Медиумската писменост придонесува за развојот на младата личност. Учениците сè повеќе се обременети од медиумски содржини, а во тој свет од постојана употреба на техничките средства, од каде најчесто доаѓаат информациите, многу често не можат да ја препознаат точната наспрема лажната вест.
Проектот „Моја приказна – мој медиум“ е насочен кон создавање информативни содржини од руралните средини. Со ова учесниците ќе учат како се создава новинарски текст, видео прилог, и како истите се пласираат во јавноста, а со тоа ќе навлезат во медиумско описменување.
Во проектот ќе бидат вклучени ученици од основните училишта (од VI до IX) и ученици од прва до трета година средно образование.
Директно вклучување на 80 учениците од основното образование од рурални средини: креирање видео содржини што ќе ги изработуваат со новинари и режисер. Тие ќе снимаат, учествуваат и ќе ги уредуваат видеата притоа учејќи како се создава информација наменета и пласирана на телевизијата како медиум.
Директно вклучување на 20 ученици од средно образование од рурални средини: креирање форум театарска претстава со дебатирање на теми поврзани со лажните информации, лажните профили и интернет измамите.
Индиректно вклучување: наставниците и родителите ќе поддржуваат и организираат ативност, користејќи ја креативноста, комуникацијата и учењето на учениците. Учесниците ќе се оспособат за критичко размислување, анализирање пораки и евалвирање информации до кои доаѓаат. Учесниците ќе научат да креираат медиумски пораки и да дејствуваат, односно да ги користат информациите што ги добиваат преку медиумите на безбеден и одговорен начин.
Проектот ќе овозможи:
Учениците од руралните средини подобро да ја разбираат улогата на медиумите, професионалните стандарди во новинарството, етичките стандарди;
- креирање медиумски содржини (новинарски текстови и видео – прилози) младите од руралните средини да научат како се создаваат и кои алатки треба да ги употребуваат. Преку практичната работа со новинар и режисер тие ќе се стекнат знаења за создавањето на медиумскиот производ, односно индиректно ќе знаат да ги читаат информациите (во поглед на точноста наспрема дезинформацијата).
- Создавањето мини редакции во руралните средини за време на обуките, ќе ги научи учениците како функционира една редакција и како ги произведува содржините.
Со форум театарската претстава ќе се воочат секојдневните грешки при употребата на дигиталните технологии. Резултатот што треба да се добие од претставата е развивање на критичкото размислување и препознавање и реагирање во ситуации на пласирање лажни вести, креирање лажни профили и јавно говорење за личните предизвици.

