Новинар: Виолета Чугунцалиева
Разговорот е воден со сопственикот на ресторан „Боко“ Борче Костаќев
Ресторанот „Боко“ е еден од поелитните во Гевгелија и постои подолг период. Како започна приказната – од каде се роди идејата за негово основање?
Идејата за ресторан „Боко“ се роди во далечната 1989 година поттикната од семејната традиција и љубовта кон угостителството. Приказната започна од желбата да се создаде место кое ќе понуди квалитетна храна, пријатна атмосфера и врвна услуга, достојни за вкусот на гостите во Гевгелија. Низ годините, со многу труд, посветеност, континуирано унапредување и будно следење на развојот на гастрономијата во светски рамки, ресторан „Боко“ прерасна во еден од најпрепзнатите ресторани не само кај нас, туку и многу пошироко, надвор од границите на нашата земја.
Кои беа најголемите предизвици во првите години од работењето и како успеавте да ги надминете?
Во почетокот најголем предизвик беше да се стекне довеба кај гостите и да се обезбеди постојан квалитет. Се соочувавме и со организациски предизвици, како и со постојана потреба од стручен кадар. Но, со голема посветеност, континуирано вложување и едуцирањена нашиот тим успеавме да изградиме стабилен и препознатлив бренд.

Вашиот персонал е познат по професионалноста – што најмногу барате при избор на вработени и како го одржувате тимскиот дух?
Најмногу внимаваме на одговорноста, желбата за работа и односот кон гостите. Професионалноста и љубезноста се клучни, а искуството се надградува со време. Тимскиот дух го градиме преку меѓусебна почит, добра комуникација и поддршка, затоа што само сложен тим може да понуди врвна услуга.
Кои специјалитети го направија ресторан „Боко“ препознатлив бренд во Гевгелија?
Ресторан „Боко“ плени со уникатен спој на македонски јадења подготвени на современ начин и несекојдневни медитерснски вкусови. Секоја чинија е подготвена со љубов и внимание, користејќи само свежи и високо квалитетни состојки. Тајната на нашиот ресторан е во изборот на намирниците и грижата во подготовката.
Имaте освоено повеќе награди – која награда за вас претставува најсилна потврда дека сте на вистинскиот пат?
Најголема награда за нас се задоволни гости кои се враќаат и препорачуваат. Се разбира, интернационалните награди се потврда и надополнување на радоста и довербата.
Како го дефинирате концептот на вашиот ресторан – што сакате гостинот да почувствува кога ќе стапне внатре?
Концептот на ресторан „Боко“ се темели на топла и пријатна атмосфера, квалитетна храна и внимателна услуга. Сакам секој гостин да се почуствува добредојдено и да ужива во вкусовите, но истовремено и да доживее нешто посебно и незаборавно.
Кои се плановите за иднината на ресторан„Боко“ – дали подготвувате нови менија, проширување или нови проекти?
Следејќи ги будно новите трендови и концепти во светот на гастрономијата, размислуваме секако за нови проекти, но сепак за сега не би откривал ништо конкретно.


