Пошумување во село Негорци

Новинари: Розета Миовска и Ангела Ручкоманова

Фотографии: Танче Туртуров

Оваа година, на многу места избувнуваа пожари. Едно од тие места беше и површината над селото Негорци. Пожарот во Негорци започна на 12 јули, зафаќајќи ги шумите и тревните површини. Огнената стихија брзо се прошири, достигнувајќи на само 50 метри од првите куќи во селото, што предизвика голема вознемиреност кај локалното население. На ден 29.11.2024 година учениците од IV, VIII и IX одделение со своите одделенски наставници се приклучија на повикот за пошумување во организација на ЈП „Македонски шуми”. На акцијата присуствуваше и нашиот медиумски клуб. По завршувањето на акцијата поразговаравме со директорот на ЈП„Македонски шуми“-подружница Гевгелија, Златко Митров.

Во кој период од годината и колку простор беше опожарен?

Вкупно во целата општина Гевгелија беше опожарено околу 2000 хектари на целата територија. Во селото Негорци, беа опожарени околу 200 хектари површина.Овој пожар и пожарот кон Серменин опфати околу 700 до 800 хектари, во периодот од месец јули до август.

Колку простор се планира да се засади денес?

Планирано е да засадиме околу 4500 садници, а понатаму, во есен 2025 година, е планирано пошумување на 50 хектари површина.

Какви садници се засадуваат?

Овие дрвца кои ги садиме денес се од врстите на багрем, приморски бор, и чемпрес. Со овие врсти ќе се засадува и на есен догодина. Најпрво го подготвуваме теренот за засадување, го трасираме и со засадувањето на таков терен понатаму се спречува ерозија на земјиштето со што ќе се спречат можни поплави.

Што мислите, дали акцијата која се врши во моментов е успешна?

Секако, но успешноста ќе ја видиме догодина. Вие како ученици можете да дојдете и да го следите процесот, односно прифатеноста. Ако е над 50% , односно ако се зафатат посадените дрвца, може да се каже дека пошумувањето е успешно.

Дали добивате помош и од други општини, или само од општина Гевгелија?

Во ова пошумување ќе се вклучат претставници од хуманитарната организација св. Спас, волонтери, а имаме соработка и со фабриката „Џонсон Мети” – фабрика за автобуски делови која ги донира садниците.

6.Дали се подготвува, односно планира некоја друга акција на овие простори?

Секако, се планира да се засади целата отворена површина и во текот на 2025год. да биде целосно пошумена. А и догодина, на пролет повторно да се организира ваква активност каде што учениците повторно ќе бидат повикани на помош.

4.Дали може да очекуваме повик и за некоја еколошка акција, генералка,  во следниот период?

 Ако се организираме, ќе се обидеме да реализираме нешто.Еве денес се организиравме и на теренот има канти од Комуналец, со цел да не се фрла отпад и да се подигне јавната свест кај граѓаните. Најважно е да се работи на подигање на јавната свест, на тој начин ќе се намали и опасноста од појава на пожари. Сите треба да се грижиме за нашето природно богатство, а со тоа се грижиме и за подобрување на животната средина.

Овој текст е подготвен со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината на текстот е единствена одговорност на ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија.
Регионалната програма „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за поттикнување на медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање на дијалог“ се спроведува од страна на партнерските организации: 
СЕЕНПММедиацентар од СараевоАлбанскиот медиумски институтЦрногорскиот медиумски институтСоветот за етика во медиумите на КосовоМакедонскиот институт за медиумиНовосадската школа за новинарствоМировниот институт од Љубљана и Бианет (Турција), со финансиска поддршка од Европската Унија.








































Споделете го написот:

Поврзани Написи