ТИШИНАТА НА РОДИТЕЛИТЕ И ПОВИКОТ ЗА ПРОМЕНА

ЈОВАНА МАНЧЕВА

Во последниве години сè почесто гледаме како младите се свртуваат кон наркотични средства. Некои почнуваат од љубопитност, други поради врснички притисок, а трети како обид да избегаат од проблемите во домот или училиштето. Сите овие причини можеби звучат различно, но имаат една заедничка последица: младите стануваат зависни, го уништуваат своето здравје, а понекогаш и својата иднина. Меѓутоа, кога ќе се прашаме зошто тоа толку лесно им се случува, одговорот не е само во младите. Голем дел од вината ја носат и родителите. Во многу семејства владее молк – нема доволно разговор, нема внимание и нема вистинска поддршка.

Родителите често се зафатени со работа, со свои проблеми, или едноставно сметаат дека „нивното дете тоа никогаш не би го направило“. А токму тогаш, кога никој не гледа и не прашува, младите почнуваат да експериментираат и да паѓаат во замката. Не е доволно родителите да кажат: „Не смееш“ или „Тоа е лошо“. Младите имаат потреба од објаснување, од разговор, од емоционална поддршка. Ако тие не ја добијат од семејството, ќе ја побараат на друго место – често во лошо друштво или во зависностите. превенција против дрогата.

Родителите мора да разберат дека нивното присуство и нивната љубов се најсилната. Од друга страна, младите треба да сфатат дека употребата на наркотични средства не е бунт, ниту пак решение за проблемите. Тоа е само начин да се изгуби контролата врз својот живот. Едукацијата мора да започне рано, во училиштата, преку кампањи и предавања, но и преку искрени дискусии меѓу врсниците. Треба да научиме како да кажеме „не“, како да најдеме здрави начини за справување со стресот и како да изградиме самодоверба што нема да зависи од туѓи навики. Критичката вистина е оваа: додека младите бегаат во светот на наркотиците, многу родители „спијат“ и не сакаат да ја видат реалноста.

А токму тие имаат клучна улога – да ги насочуваат, да постават граници, но и да бидат пример. Ако дома нема доверба и разговор, тогаш улицата станува учител, а улицата ретко нуди правилни лекции. Затоа решението е двојно: младите да се едуцираат и охрабрат да изберат здрав живот, а родителите конечно да ја преземат својата улога сериозно. Само со заеднички напор можеме да ја прекинеме оваа тивка криза. Инаку, ќе продолжиме да губиме генерации во зависноста и во молкот на оние што требало први да слушнат и први да помогнат.

Споделете го написот:

Поврзани Написи