Три работилници за основите на новинарството се одржаа за учениците од основните училишта и средношколскиот центар во Гевгелија преку проектот „Јас =Медиум“. Преку практични вежби и интеракции учениците имаа можност да се запознаат со основните поими на медиумската писменост – традиционалните и новите медиуми како неизбежен дел од секојдневието, но и што е вест, кои се карактеристиките на веста, разликите меѓу фактите и мислењето.
Учениците имаа можност да ја играат улогата на уредник и самите да спознаат која вест е приоритетна за да се пласира во некој медиум, односно што повеќе би ги засегнало читателите или гледачите.
Наставните програми во основните и средните училишта ја содржат темата за медиумската писменост но часовите се премалку за да се совладаат содржините што во денешно време се и повеќе од присутни во нашите животи, констатираа учениците на работилниците.
Проектот„Јас = Медиум“ на ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот „Јас=Медиум“ е кофинансиран од Општина Гевгелија.
ФОТОГАЛЕРИЈА ОД НАСТАНОТ
ООУ „Крсте Мисирков“, ООУ„Владо Кантарџиев“, СОУ „Јосиф Јосифовски“
















ООУ „Ристо Шуклев“ Негорци








ООУ „Климент Охридски“ Миравци





