Новинар / ученик: Љупчо Стоев
Ментор: Марија Ангова Цветковска
Поранешната репрезентативка на Македонија, Ленче Илкова за нашиот медиумски клуб зборува за своите подвизи и успеси.
Кога и како започна Вашата кариера во ракометот?
Моите први почетоци во ракометот се врзани со училиштето и училишниот спорт. Нашето училиште учествуваше на зонски натпревари во Велес под раководство на наставникот по физичко Илија Граматиков. Имавме доста солидна женска екипа за ракомет. На тие зонски натпревари во Велес добив диплома за најдобар играч.
Во тоа време кај нас најпопуларен спорт беше ракометот, женската репрезентација на Македонија и екипата Кометал Ѓ. Петров. Јас ги гледав сите натпревари на телевизија, нивните победи, достигнувања и натпреварувања ме мотивир и јас да почнам да тренирам ракомет. Мојот прв клуб, мојата кариера во ракометот започна со екипата на Млаз од Богданци.

Дали имавте некој идол во ракометот кој Ве инспирираше?
Индира Кастратовиќ е мојот идол од детството.
Кој момент од кариерата Ви остави најголем впечаток?
Мојот трансфер во Турција. Играв 11 години во Турција, во неколку клубови.

Дали имате омилена победа или натпревар за кој секогаш ќе се сеќавате?
Во 2010/2011 година игравме финале Европа,Челенџ куп. Јас играв во Анталија во екипата на Муратпаша. Двата финални натпревари ги игравме со екипата на Миос Биганос од Франција. Првиот натпревар таму изгубивме 5 разлика, а вториот дома го изгубивме со 1 разлика. И покрај тоа што изгубивме, не станавме шампиони. Мене овие два натпревари ми се омилени бидејќи испишавме историја. Првпат турска екипа играше финале во Европа. Направивме голем успех и второ место во Европа. Не е лошо нели? А омилена победа- натпреварот што ни донесе прва шампионска титула со екипата на Јенимаале во Анкара.

Како изгледаше еден типичен ден на тренинг?
Цел ден го поминував во сала бидејќи трениравме два пати на ден. Наутро тренинзите беа обично шутерски, трениравме околу два саати. После тренинг следи задолжителен појадок со девојките од тимот, па задолжителен одмор се разбира. Навечер уште еден тренинг, околу два часа, каде се работи тактички дел, се спрема тактика за противничката екипа-се договараме, вежбаме што и како ќе играме на утакмица.
Кои лекции од спортот ги применувате во секојдневниот живот?
Спортот создава навики и вистински личности, не учи на вредности, на етика, морал, респект.
Бидете позитивни и мотивирани за да напредувате!
Што би им порачале на младите девојки кои сакаат да станат ракометарки?
Научете да уживате во спортот, спортот да биде вашиот живот. Ако стане напорно не застанувај, издржи до крај, не се откажувај! Само со упорна работа, пожртвуваност, самодоверба, дисциплина можеш да стигнеш до посакуваната цел!

Овој текст е подготвен со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината на текстот е единствена одговорност на ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија.
Регионалната програма „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за поттикнување на медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање на дијалог“ се спроведува од страна на партнерските организации: СЕЕНПМ, Медиацентар од Сараево, Албанскиот медиумски институт, Црногорскиот медиумски институт, Советот за етика во медиумите на Косово, Македонскиот институт за медиуми, Новосадската школа за новинарство, Мировниот институт од Љубљана и Бианет (Турција), со финансиска поддршка од Европската Унија.

