Драмската група „Дон Кихот“ во рамките на проектот „Моја приказна – мој медиум“ започнаа со подготовките на театарската претстава „Лажни вести-грешки чести“.
Со театарската претстава ќе се воочат секојдневните грешки при употребата на дигиталните технологии. Резултатот што треба да се добие од претставата е развивање на критичкото размислување и препознавање и реагирање во ситуации на пласирање лажни вести, креирање лажни профили и јавно говорење за личните предизвици.








Овој текст е подготвен со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината на текстот е единствена одговорност на ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија.
Регионалната програма „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за поттикнување на медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање на дијалог“ се спроведува од страна на партнерските организации: СЕЕНПМ, Медиацентар од Сараево, Албанскиот медиумски институт, Црногорскиот медиумски институт, Советот за етика во медиумите на Косово, Македонскиот институт за медиуми, Новосадската школа за новинарство, Мировниот институт од Љубљана и Бианет (Турција), со финансиска поддршка од Европската Унија.

