Новинар: Ангела Терзиева
Ментор: Марија Ангова Цветковска
Додека луѓето секојдневно смислуваат планови како да си го поминат фантастично денот, додека секој час, секоја минута, секоја секунда се случува нешто незамисливо, неочекувано, невообичаено – згаснаа млади животи што ја чекаа својата иднина.
Што се случи? За една минута исчезнаа насмевките што ни ја грееја душата, срцето и очите. Згаснаа убавите насмевки, сјајните соништа и почувствуваните прегратки, кои останаа зад пламенот на изгорените ѕидови. Младите, на кои им згасна животот, не успеаја да ја дочекаат својата иднина, да ги доживеат најубавите моменти.
Сега смеата и музиката ги снема. Сега болката и тагата преовладуваат. Родителите – во шок, во замисленост, во тага, во болка – пролеаја реки солзи за своите деца, кои не знаеја дали воопшто ќе се вратат дома. За минута, во клубот исчезна сè. Ниту еден живот во него не остана.
Зошто, Македонијо, ни го направи ова? Што нè чека во иднина? Во пламенот згаснаа и животите на пејачите, кои до последен момент се бореа да ги спасат младите. Се надеваме дека повредените ќе оздрават што побрзо, дека повторно ќе ги вратат своите насмевки и ќе дочекаат најубави моменти.
Никој не знае што нè очекува утре, задутре, во иднина…

