Новинарството инспрација за творештво

Костадин Узунов

Видео: Васко Трајков

На 8 април, во хотел „Аполонија“- Гевгелија, во рамките на манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025 година“, беше промовирана книгата „Гевгелија порта кон Европа“ од политикологот и новинар, Кире Јанишлиев.

Промотори на книгата беа професорот Тони Аврамов и Бобан Хусеновски, поранешен археолог и директор на националната установа Музеј – Гевгелија.

„Книгата што вечерва ја промовираме „Гевгелија – порта кон Европа“ не е само новинарска читанка за Гевгелија, таа ги надминува информативните стилски особености, со некои текстови навлегувајќи во книжевните експресии кои на моменти ви ја доловуваат сликата на едно минатото низ колоритно раскажување на живите сведоци за времето.

Книгата „Гевгелија-порта кон Европа“ е оригинален, но и автентичен документ кој има трајни вредности за овој град. Барем од она што сум го читал и следел од роднокрајното издаваштво, вакво дело првпат среќаваме“, истакна профеорот Аврамов.

Извадоци од книгата читаше Петар Јанчев исто така професор по македонски јазик и литература, но и задолжен за информативните гласила во Општина Гевгелија.  Модератор беше Сара Јанишлиева. Промоцијата беше збогатена со настапи на младите пијанисти Нина Петкова, Благоја Стоев и Вангел Марков, сите ученици од ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија, во класата на професор. Александар Лазаров.

Овој текст е подготвен со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината на текстот е единствена одговорност на ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија.

Регионалната програма „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за поттикнување на медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање на дијалог“ се спроведува од страна на партнерските организации: СЕЕНПММедиацентар од СараевоАлбанскиот медиумски институтЦрногорскиот медиумски институтСоветот за етика во медиумите на КосовоМакедонскиот институт за медиумиНовосадската школа за новинарствоМировниот институт од Љубљана и Бианет (Турција), со финансиска поддршка од Европската Унија.

Споделете го написот:

Поврзани Написи