Пролетна бајка

Ментор: Марија Ангова Цветковска

Новинар: Aња Танова

Пролет е!
Насекаде се слуша црцорот на птиците, жуборот на водата која тивко тече по прекрасните реки. Природата се разбудила, расцветала во сите бои. На прв поглед, тоа беше како нов свет. Ги немаше веќе тмурните облаци кои деноноќно бдееја над нас. Исто така, нема никаков траг од студената и долга зима. Полјанките, кои беа покриени со снег, сега се расцутени со најубавите бои на пролетта, кои таа несебично ги расфрлила.

Најубавото време во годината, зар не?
Цвеќињата станале како прекрасни, шарени ѕвезди кои ноќе го украсуваат пролетното небо. Тивкиот и топол ветер уште повеќе ни помага да го почувствуваме прекрасниот мирис на пролетта – мирисот на расцветените цвеќиња и дрвја. А пак небото? Небото е обоено во најубавата сина боја.

Природата ни ја покажува својата убавина преку пролетта – време кога сè се буди: растенијата, животните, а и луѓето. Уживаме во прошетките покрај мирисливите дрвја и разнобојните цветови. Секој чекор низ оваа пролетна магија нè потсетува колку е светот убав кога е исполнет со боја, звук и живот.

Овој текст е подготвен со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината на текстот е единствена одговорност на ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија.

Регионалната програма „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за поттикнување на медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање на дијалог“ се спроведува од страна на партнерските организации: СЕЕНПММедиацентар од СараевоАлбанскиот медиумски институтЦрногорскиот медиумски институтСоветот за етика во медиумите на КосовоМакедонскиот институт за медиумиНовосадската школа за новинарствоМировниот институт од Љубљана и Бианет (Турција), со финансиска поддршка од Европската Унија.

Споделете го написот:

Поврзани Написи