Почетна

За нас

 

Здружението “Од станица до граница” од Гевгелија, има за цел да постави високи професионални стандарди во општественото живеење, фокусирајќи се на културата, уметноста, образованието, медиумската и комуникациската култура, преку активно вклучување на сите чинители на граѓанското општество.

 

Активности

Главни активности на здружението

3тт-2

Развој на медиумски содржини

Развој на медиумски содржини, вклучувајќи едукативни видеа и документарни емисии кои ја промовираат културата и знаењето.

Организирање настани

Организирање настани и манифестации од областа на културата за поддршка на уметноста и креативноста.

Спроведување обуки и работилници

Спроведување обуки и работилници за подобрување на медиумската писменост и образовните капацитети на заедницата.

Проекти

1. Врснички форум театар против насилство во училиштата“ – Проектот вклучи 1400 ученици и 240 наставници, со цел да се зголеми свеста и да се поттикне активно справување со врсничкото насилство.


2. „Јас=Медиум“ – Иницијатива која ги опфати 1004 ученици и 25 наставници, фокусирана на развивање на критичко размислување и медиумска писменост кај младите.

Стручност и компетенции

експертиза

Членовите на здружението поседуваат високо ниво на експертиза и квалификации во областа на културата, медиумската писменост, превенција на врсничко насилство и промовирање на родова еднаквост.

Сертификати

Членовите на здружението имаат добиено сертификати и дипломи за успешно реализирани проекти и покажуваат висока стручност во својата работа.

Искуство

Членовите имаат повеќегодишно професионално искуство во локални и национални медиуми, како и во менаџментот, што значително придонесува за успешното функционирање и реализација на проектите.