Проектот „Јас = Медиум“ ќе биде насочен кон употребата на медиумите и социјалните мрежи, нивното разбирање и користење, заштита на податоците и градење на здрава и сигурна личност. Во рамките на проектот ќе се дефинираат основните проблеми околу познавањето и употребата на интернетот и информациите што најчесто се во изобилство и се добиваат од различни извори, ќе се обработат теми кои се поврзани со употребата на македонскиот стандарден јазик во медиумите, ќе се анимираат употребите на социјалните мрежи, а воедно ќе се едуцираат младите, кои се најчести корисници како да ја заштитат својата личност, како да препознаат точни информации.
За да се доведат до реалните сознанија во уотребата на интернетот и алатките што ги користат младите проектот ќе има за цел:
- промовирање на медиумската писменост;
- зајакнување на капацитите на учениците во основните и средните училишта за превенција и справување со медиумските манипулации (почитување на личноста, исфрлање говор на омраза);
- унапредување на компетенциите на наставниот кадар за детектирање, превенција и структуриран пристап во справување со лажните вести и информации и реагирање за неправилната употреба на стандардниот јазик, охрабрување на младата личност и насочување кон вистинските вредности во животот;
- зајакнување на компетенциите во оформувањето на знаењата за создавање информации, вести и друг вид новинарски жанрови, зајакнување на личноста за справување со злоупотребата и насилството предизвикано од медиумите;
- развивање на демократијата во корелација со европските вредности.
Целна група во проектот се младите од 13 до 17 години – ученици од основните училишта и средното училиште. Проектот ќе им овозможува на младите да разликуваат висококвалитетни информации засновани на факти од оние што се пристрасни, слабо истражени, лажни или злонамерни. Проектот интегрира ангажман за критичко информирање и компетенции за медиумска писменост вклучувајќи ги образовните институции.
Периодот на реализација на проектот е 8 месеци, а почетокот е во предвидениот термин посочен во проектот односно јули 2023 – февруари 2024 година. Избраниот термин е заради подготвителни активности на организаторот и започнувањето на новата учебна 2023/2024 година.
Лице за контакт: Тони Аврамов
Проектот„Јас = Медиум“ на ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот „Јас=Медиум“ е кофинансиран од Општина Гевгелија.


