Леона Рујкова
Свети Константин и Елена e главна селска црква во гевгелиското село Миравци. Црквата се наоѓа во горниот дел на селото, недалеку од патот кој води кон Петрово и Габрово. Капелата, кујната и трпезаријата се одвоени и се сместени на влезот на селото, во непосредна близина на селските гробишта.

Црквата е изградена во 1860 година. Во 1892 година, првобитната градба била опожарена, но набргу била обновена во 1893 година. Градител на црквата бил Андон Китанов . Во 1989 година, црквата била повторно опожарена и разурната, со исклучок на надворешните ѕидови кои не биле зафатени. Храмот бил повторно обновен во 1990 година. Во периодот од 2009 до 2013 се изградени кујна и купола, кои се одвоени од дворот на црквата и се наоѓаат на влезот од селото, во непосредна близина на селските гробишта.

Овој текст е подготвен со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината на текстот е единствена одговорност на ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија.
Регионалната програма „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за поттикнување на медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање на дијалог“ се спроведува од страна на партнерските организации: СЕЕНПМ, Медиацентар од Сараево, Албанскиот медиумски институт, Црногорскиот медиумски институт, Советот за етика во медиумите на Косово, Македонскиот институт за медиуми, Новосадската школа за новинарство, Мировниот институт од Љубљана и Бианет (Турција), со финансиска поддршка од Европската Унија.

