Жената е нежна како цвет, но и цврста како карпа. Таа претставува двигател на општеството. Со својата силина е спремна да ги носи сите проблеми што ги создава животот на својот грб, а со својата чувствителност нѐ учи да имаме емпатија и љубов кон другите.
До ден денес трае борбата на жената да го пронајде своето место во општеството. Отекогаш нејзината моќ и интелигенција биле потиснувани. Обесправена и со макотрпна работа во фабриките работела за подобро утре. Благодарение на бестрашните Клара Цеткин и Роза Луксембург жената се буди од својот сон. Станува свесна дека може да биде рамо до рамо со мажите.
Во наследство од нашите предци ни е оставена нишката да ја продолжиме борбата, да бидеме свесни за своите квалитети и со моќта на нашите чекори да го поместиме светот.

Овoј пост е подготвен со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината на текстот е единствена одговорност на ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија.
Регионалната програма „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за поттикнување на медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање на дијалог“ се спроведува од страна на партнерските организации: СЕЕНПМ, Медиацентар од Сараево, Албанскиот медиумски институт, Црногорскиот медиумски институт, Советот за етика во медиумите на Косово, Македонскиот институт за медиуми, Новосадската школа за новинарство, Мировниот институт од Љубљана и Бианет (Турција), со финансиска поддршка од Европската Унија.

