Во рамките на проектот „Моја приказна – мој медиум“ беа одржани по две работилници во:
- СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија на 24.10.2024 и 7.11.2024
- ООУ „Кирил и Методиј“ Стојаково на 12.11.2024 и 13.11.2024
- ООУ „Кочо Рацин“ Нов Дојран на 12.11.2024 и 13.11.2024
- ООУ „Ристо Шуклев“ Негорци на 25.11.2024 и 26.11.2024
- ООУ „Климент Охридски“ Миравци на 12.12.2024 и 13.12.2024
По претходно остварена средба на координаторот и техничкиот организатор на проектот во сите наведени училишта беа формирани мини новинарски редакции од по 20 ученика. Новинарските редакции имаа веќе отворено свои страници на социјалните мрежи со свои имиња и лого на редакциите.
Новинарските работилници се одвиваа во два дена со следните теми:
- Основи на новинарството;
- Истражување и собирање информации;
- Планирање и структура и
- Пишување и уредување.

Овoј пост е подготвен со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината на текстот е единствена одговорност на ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија.
Регионалната програма „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за поттикнување на медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање на дијалог“ се спроведува од страна на партнерските организации: СЕЕНПМ, Медиацентар од Сараево, Албанскиот медиумски институт, Црногорскиот медиумски институт, Советот за етика во медиумите на Косово, Македонскиот институт за медиуми, Новосадската школа за новинарство, Мировниот институт од Љубљана и Бианет (Турција), со финансиска поддршка од Европската Унија.

