Риболов – работа, начин на живот и љубов кон природата

Новинар: Кети Ризова

Ментор: Марија Ангова

Дојранското Езеро секогаш било интересно за посетителите, но и за мештаните коишто животниот век го поминуваат таму. Уште од дамнини населението основната дејност ја наоѓало во риболовот, во начинот подобро да се егзистира, но во поново време и да се привлечат повеќе туристи и посетители. Интересно е да се чујат приказните на дојранчани, но уште поинтересно е да се чујат навиките на живот, вештините на риболовот и приказните кои се дел од сето тоа.

Можете ли да ни раскажете нешто за себе и како започнавте со риболов во Дојранското Езеро?

Јас сум Никола Ризов. Во Дојран го држам рекордот на најголеми фатени риби: крап од 33 килограми и сом од 125 килограми.

Риболовот за мене е повеќе од обична активност. Тој е начин на живот, длабока врска со природата и љубов што трае цел живот. Во секој изгрејсонце над водите и секоја уловена риба, го гледам одразот на трпението, посветеноста и радоста што ги носи овој занает. Риболовот не е само работа – тоа е хармонија со езерото и сè што го опкружува.

Колку години се занимавате со риболов?

Со риболов се занимавам околу 40 години.

Дали риболовот е семејна традиција и кој ве научи на оваа вештина?

Да, риболовот е семејна традиција. На тоа ме научија дедо ми и татко ми.

Како се разликува риболовот во минатото од денес?

Во минатото најчесто рибите се ловеа на стопански начин, со мрежи. Денес повеќе се користат трски за ловење на покрупна риба.

Кои методи на риболов најчесто ги коритите?

Најчесто го користам методот на долго хранење на рибата за да се научи на местото каде што има храна, па потоа ја ловам и нормално имам добри резултати.

Риболовот е интересен, но секако, мора да го сакаѓ тоа, да уживаш и да бидеш подготвен на различни предизвици. Ловот со трска е традиционален начин на ловење риба и тоа бара посебно трпение. Вистинскиот рибар треба пред сè да има многу трпение.

Многу е важна и опремата што ја користите. Јас користам модерна опрема: род, потови и јаки трски од по 3 и пол либри.

Каков е еден типичен ден на рибар на Дојранското Езеро?

Типичен ден на рибар изгледа така што станува рано, пред изгрејсонце, и останува во езерото до зајдисонце. Со нас изгрева сонцето, но со нас и зајдува.

Кои се најголемите предизвици со кои се соочувате како рибар?

Најголем предизвик е кога ќе те фати невреме. Треба да бидеш искусен за да знаеш кога да излезеш од езерото.

Времето и сезоните имаат големо влијание на ловењето и на тоа колку ќе се улови. На пример, во поблагите зими рибата е поактивна во споредба со постудените зими.

Кој е вашиот најголем или највпечатлив улов досега?

Мојот најголем улов е сом од 125 килограми, за кој го држам рекордот во Дојран.

Дали имате некоја интересна или смешна приказна поврзана со риболовот?

Ние рибарите сме познати и по добрите, но и интересни приказни. Имам една незаборавна случка или приказна. Ловејќи на градската плажа ми се случи да уловам нешто друго, не риба. Иако во првиот момент мислев дека фаѓам голема риба, на крај излезе дека извлеков  корен од дрво.

Што мислите за мерките за заштита на езерото и рибниот фонд?

За рибниот фонд најодговорни се концесионерите, кои секоја година треба да го порибуваат езерото и со рибарски служби да го заштитуваат од рибокрадците.

Како рибарите придонесуваат кон одржувањето на екосистемот?

Рибарите придонесуваат со преземање мерки за чистење и одржување на езерото, како и спречување загадување.

Колку е важен риболовот за локалната економија и животот во Дојран?

Риболовот е многу важен за локалната економија, бидејќи многу семејства егзистираат од него. Добро знаете дека дојранската риба е барана, дека луѓе од различни места доаѓаат во нашите ресторани да ја вкусат дојранската риба, но и да ја купат за да ја готват дома.

Дали продавањето риба е главен извор на приход или повеќе хоби?

Продавањето риба не е главен извор на приход, но има семејства кои зависат од него.

Кои видови риба најмногу се барани на пазарот?

Најбарани се крапот, црвеноперката, сомот и кострежот. Во последно време, доста се бара и карашот.

Што би им препорачале на младите кои сакаат да се занимаваат со риболов?

Би им препорачал да почнат да се занимаваат со риболов, бидејќи тоа е големо хоби и добра егзистенција.

Кои вредности и вештини се најважни за да се биде успешен рибар?

За да бидеш добар рибар, прво треба да имаш големо познавање за рибата и добро „школо“ од некој искусен рибар.

Овој текст е подготвен со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината на текстот е единствена одговорност на ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија.

Регионалната програма „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за поттикнување на медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање на дијалог“ се спроведува од страна на партнерските организации: СЕЕНПММедиацентар од СараевоАлбанскиот медиумски институтЦрногорскиот медиумски институтСоветот за етика во медиумите на КосовоМакедонскиот институт за медиумиНовосадската школа за новинарствоМировниот институт од Љубљана и Бианет (Турција), со финансиска поддршка од Европската Унија.

Споделете го написот:

Поврзани Написи