Кога радоста се претвора во тага

Ментор : Марија Ангова Цветкова

Новинар: Михаела Јовановик    

Животот понекогаш знае да биде суров. Моментите на радост, насмевките и веселбата можат за миг да се претворат во најцрна тага. Таков беше и трагичниот настан што засекогаш ќе остане запаметен во срцата на кочанчани – пожарот во дискотеката, кој ја уништи ноќта полна со музика, смеа и младешка енергија.

Таа вечер требаше да биде обична сабота, уште една прилика за младите да се соберат, да го споделат своето време со пријателите и да уживаат во безгрижноста на младоста. Но, судбината имаше други планови. За само неколку минути, веселите звуци на музиката беа заменети со врисоци, плач и паника. Огнот, кој избувна без најава, почна да голта сè пред себе – соништа, надежи и животи.

Градот Кочани се разбуди во болка. Цела Македонија го почувствува ударот на оваа трагедија. Родители останаа без своите деца, пријатели без своите најблиски, а цели семејства беа завиени во црнина. Радоста што владееше таа вечер стана симбол на една загубена младост, на еден прекинат живот што никогаш нема да се врати.

Овој текст е подготвен со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината на текстот е единствена одговорност на ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија.

Регионалната програма „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за поттикнување на медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање на дијалог“ се спроведува од страна на партнерските организации: СЕЕНПММедиацентар од СараевоАлбанскиот медиумски институтЦрногорскиот медиумски институтСоветот за етика во медиумите на КосовоМакедонскиот институт за медиумиНовосадската школа за новинарствоМировниот институт од Љубљана и Бианет (Турција), со финансиска поддршка од Европската Унија.

Споделете го написот:

Поврзани Написи