Пишува: Тони Аврамов
За Гевгелија се зборува дека може да биде интересна туристичка дестинација. Но да бидеме реални, освен блиските локалитети: Смрдлива Вода, Серменин, Негорски Бањи, Ума, во градот тешко ќе ви падне на памет што би посетиле. Но, нели посстојат ресторани, споменици, Амамот, Музејот, Библиотеката итн. Сепак еден турист има можност освен казината малку и да се нобрази културно. Со растот на бројот на посетители, се јавува едно едноставно, но суштинско прашање: знаат ли туристите што да посетат, каде да одат, што нуди нашиот град?
Одговорот не е секогаш потврден. Затоа, Гевгелија има реална потреба – и шанса – да инвестира во смарт (паметни) информативни табли на клучни локации во градот.
✅ Градот како водич, не лавиринт
Паметните табли се повеќе од дигитални мапи. Тие се урбани водичи кои им помагаат на туристите да се ориентираат, да откријат интересни места и да го искусат градот со поголема сигурност и удобност. Преку едноставен екран на допир, туристот може:
- да види каде се наоѓа, и што има околу него;
- да добие насоки до културни знаменитости, ресторани, хотели;
- да прелиста настани, манифестации и локални препораки;
- да го направи своето престојување повредно и информативно.
🌍 Јазик за сите – технологија за сите
Овие табли можат да функционираат на повеќе јазици – македонски, англиски, грчки, српски – што е особено важно во град кој има туристи од разни држави. Дополнително, може да содржат:
- QR кодови за мобилно преземање на мапи,
- гласовна навигација за лица со оштетен вид,
- опција за поврзување со јавен Wi-Fi.
Некој би кажал дека сега со навигацијата во автомобилите може да се стигне секаде, но не е баш така. На овие табли дополнително можат да се инсталираат и видеа, фотографии, веб-платформи, календар со настани итн.
🏙️ Каде би стоеле овие табли?
Најлогични локации се:
- Центарот на градот (плоштад, Градски парк),
- Автобуската станица (точка на влез),
- Сува Река и околината на Негорски Бањи,
- Областа околу хотелите и казината,
- Музејот и Домот на културата.
💡 Паметно вложување за паметен град
Смарт таблите не се скапа фантазија – тие се паметно вложување. Проверивме, просечна цена за ваков уред се движи од 2.000 до 5.000 евра, со можност за финансирање преку:
- Европски фондови за туризам и дигитализација;
- програми од UNDP;
- јавно-приватни партнерства со локални хотели и угостители;
- и дури донации од дијаспората која сака да го модернизира својот роден крај.

Овoј пост е подготвен со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината на текстот е единствена одговорност на ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија.
Регионалната програма „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за поттикнување на медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање на дијалог“ се спроведува од страна на партнерските организации: СЕЕНПМ, Медиацентар од Сараево, Албанскиот медиумски институт, Црногорскиот медиумски институт, Советот за етика во медиумите на Косово, Македонскиот институт за медиуми, Новосадската школа за новинарство, Мировниот институт од Љубљана и Бианет (Турција), со финансиска поддршка од Европската Унија.

