Започна проектот ЈАС=МЕДИУМ

Во рамките на проектот „Јас=Медиум“ се одржа работна средба со директорите, стручните служби, активите по македонски јазик и литература од сите основните училишта и средношколскиот центар од Гевгелија, како и претставници од Општина Гевгелија. На средбата беа презентирани активностите што ќе се реализираат во рамките на проектот и динамиката по која ќе се работи. Проектот „Јас=Медиум“ е насочен кон едукација и решавање на проблемите на учениците поврзан со медиумската писменост,  злоупотребата на личните податоци, како и развојот и формирањето на личноста. 

Според временската рамка од страна на присутните беше констатирано дека не постои нарушување или попречување на наставно-воспитниот процес заради учеството на учениците и наставниците во проектот, туку напротив голем дел од содржините на проектот се во корелација со наставната програма по македонски јазик и литература која се изучува во основното и средното стручно образование.

Темата која ја обработува проектот „Јас=Медиум“ – секојдневните предизвици на младите во поглед на примање информации, нивната веродостојност и опасностите што се јавуваат како закана во развојот на психофизичкиот развој се актуелни и од корист за сите чинители во општеството, беше заклучено на средбата.

Проектот„Јас = Медиум“ на ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот „Јас=Медиум“ е кофинансиран од Општина Гевгелија.

ФОТОГАЛЕРИЈА ОД НАСТАНОТ

Споделете го написот:

Поврзани Написи