Новинар: Христијан Ајцев
Ментор: Марија Ангова Цветковска
Љубовта не се изразува секогаш со зборови– понекогаш најсилно се покажува преку делата. Малите, но значајни гестови можат да зборуваат повеќе од која било реченица. Прегратка во тежок момент, подадена рака без очекување, трпеливо слушање или несебична поддршка – сето тоа е јазикот на љубовта што не бара зборови.
Во секојдневниот живот, вниманието кон саканите, грижата во ситниците и времето што го посветуваме се највредните докази за љубовта. Наместо да се фокусираме на кажаното, важно е да обрнеме внимание на направеното – бидејќи вистинската љубов се покажува, а не само се кажува.
Љубовта не води како ѕвезда водилка и ни го покажува вистинскиот пат. Но, само една љубов е бесконечна и безусловна. Љубовта кон родителите се пренесува на идните генерации, и секој од нас ја носи во срцето како најголем подарок што може да го добие. Таа е темел на семејните односи и основа за изградба на здрави и среќни луѓе. Родителите ни даваат најпотребното – љубов и грижа која не може да се измери.
