Зошто ни е потребна медиумската писменост во училиштата

Марија Ангова Цветковска – ментор на Медиумски клуб „Мандра“

Во денешниот дигитален свет, медиумската писменост не е само важна, туку е неопходна алатка за секој ученик. Како координатор за медиумска писменост, нашата цел е да ги оспособиме учениците критички да ги проценуваат информациите, да го препознаваат квалитетот на содржините и да ги користат медиумите одговорно и продуктивно.

Очекуваме постигнувањата да се манифестираат на неколку нивоа:

  1. Критичко размислување: Учениците ќе научат да препознаваат дезинформации, да анализираат извори и да градат сопствени ставови засновани на проверени факти.
  2. Креативна продукција: Преку практична работа, учениците ќе бидат поттикнати да создаваат свои медиумски содржини, користејќи ги модерните технологии на етички и иновативен начин.
  3. Интернет безбедност: Учениците ќе станат свесни за опасностите од дигиталниот свет, како што се злоупотребата на лични податоци и сајбер-малтретирањето, и ќе научат како безбедно да се движат низ дигиталниот простор.
  4. Развивање на одговорни граѓани: Медиумската писменост ќе им помогне на учениците да разберат како медиумите влијаат врз општеството, што ќе ги направи свесни и активни граѓани.

Преку разни обуки за наставниците, интерактивни работилници за учениците и инклузивни проекти, нашата визија е да изградиме генерација која ќе биде подготвена за предизвиците и можностите на дигиталната ера.

Медиумската писменост не е само образовен приоритет, туку и вештина за живот која ќе им помогне на младите да станат информирани, свесни и одговорни личности.

Децата се срцето на мојата професија и причината зошто секое утро со насмевка влегувам во училницата. Тие се изворот на мојата мотивација, мојата инспирација и мојата постојана желба да бидам подобар наставник, а пред сè, подобар човек.

Нивната љубопитност, чиста радост и нескриена искреност ме потсетуваат на убавината на учењето и на бескрајните можности што животот ги нуди. Секое прашање што ќе го постават, секоја искра во нивните очи кога ќе научат нешто ново, ми ја потврдува смислата на она што го правам.

Децата ме учат дека секој ден е шанса за нови почетоци, дека секоја мала победа е важна и дека трпението и љубовта можат да направат чудо. Нивната енергија и страст за живот ме поттикнуваат да вложам сè од себе за да им ја пренесам не само науката, туку и вредностите, самодовербата и вербата во нивните способности.

Тие ме мотивираат да сонувам големи соништа за нив и за светот што ќе го изградат. Затоа што знам, секој труд што го вложувам денес е инвестирање во подобро утре – нивното утре.”

Овој текст е подготвен со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината на текстот е единствена одговорност на ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија.
Регионалната програма „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за поттикнување на медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање на дијалог“ се спроведува од страна на партнерските организации: СЕЕНПММедиацентар од СараевоАлбанскиот медиумски институтЦрногорскиот медиумски институтСоветот за етика во медиумите на КосовоМакедонскиот институт за медиумиНовосадската школа за новинарствоМировниот институт од Љубљана и Бианет (Турција), со финансиска поддршка од Европската Унија.

Споделете го написот:

Поврзани Написи