Ангел Аевски
Како е да си тврдина?
Од една страна камен, од друга – голема урнатина.
Пишувам и гледам?
Стојам и можеби тажам?
И што? Каква е правдата?
Правда како збор за прифаќање на вистината?
Или пак правда која е утеха на себичната реалност?
Што е тоа што ја прави темна и тажна истата?
Живееш под светлост, во ноќ кога сите спијат, а таа бдее и воздивнува врз душата твоја.
Живееш за волјата на своите мисли и прифаќаш да бидеш извршител на нив самите,
чекајќи некаков исход кој сѐ уште е непознат.
Зошто?
Одговорот е многу едноставен.
Утврдување на суровоста и душегубата во темелите на таа самата.
Дали во тебе цар ќе царува?
Дали во тебе слуга ќе слугува?
Ти моја тврдино.
Post Views: 85

