Во учебната 2022/2023 година во основните училишта во Гевгелија и во СОУ „Јосиф Јосифовски“ се реализира проектот „Врснички форум театар против насилство во училиштата“.
Проектот eодобрен од „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2)”, финансирана од Европската унија, а спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Гевгелија. Истиот ќе го имплементираат здруженијата „Од станица до граница“ и „Рубикон“.
Со проектните активности се третира проблемот на врсничко насилство во училиштата во Општина Гевгелија, во насока на: препознавање, превенција и постапување. Планираните активности дадoa придонес кон создавање училишни средини без врсничко насилство и со унапредена меѓусебна толеранција и разбирање.
Цели НА ПРОЕКТОТ:
– Зајакнување на капацитите на учениците во основните и средните училишта за превенција и справување со врсничко насилство;
- Унапредување на компетенциите на наставниот кадар, психолошко-педагошкиот тим за детектирање, превенција и структуриран пристап во справување со врсничкото насилство;
- Јакнење на меѓусекторската соработка на сите вклучени институции во системски одговор на ситуации на врсничко насилство;
- Зајакнување на компетенциите на вклучените од училиштата за недискриминација по однос на пол и род при постапување во ситуации на врсничко насилство.
Во проектните активности беа опфатени 1400 ученици од Општина Гевгелија преку интерактивни едукативни работилници. Во обуките беа вклучени 245 вработени во образовниот процес – 230 наставници и професори (од кои 70 класни раководители) и 15 стручни работници (педагог/психолог).

