Во ООУ „Ристо Шуклев“ од Негорци е формирана училишна новинарска редакција под менторство на наставничката по македонски јазик и литература Жаклина Линкова.
Новинарската редакција во наредниот период ќе работи со тимовите од ЗГ „Од станица до граница“ преку проектот „Моја приказна – мој медиум“. Пишување новинарски текстови, фотографирање, снимање и монтирање видеа се само дел од активностите што ќе ги совладуваат младите новинари со професионални новинари и режисери.
Проектот „Моја приказна – мој медиум“ ко-финансиран од Европската Унија. Нејзината содржина е единствена одговорност на ЗГ „Од станица до граница“ и не мора да ги одразува ставовите на Европската унија.




Post Views: 35

