Од идеја до медиумски продукт: гласот на младите од Гевгелија

Учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија активно учествуваа на еднодневната работилница за медиумска писменост и изработка на медиумски содржини, каде преку интерактивна работа и практични вежби ги унапредија своите знаења за критичко следење на медиумите, препознавање дезинформации и создавање квалитетни медиумски содржини.

Како продолжение на работилницата, учениците работеа на развој на сопствени медиумски продукти на теми што ги засегаат младите и нивните заедници. Со поддршка од ментори, тие создадоа три медиумски продукти во различни формати, преку кои ги истражуваа и претставуваа своите ставови, идеи и пораки за општествени прашања кои ги сметаат за важни.

Активностите беа реализирани во рамки на проектот „Media Education for Youth Advocacy / Медиумска едукација за младинско застапување“, спроведуван од Македонскиот институт за медиуми (МИМ), а финансиран од Австралиската амбасада.

Во продолжение ги објавуваме медиумските продукти на учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, кои се резултат на нивната креативност, ангажман и желба преку медиумите да го споделат својот глас и своите гледишта со пошироката јавност.

Видео: Од училница до светот – нашето Песталоци искуство

Група ученици од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија престојуваа во Песталоци, Швајцарија, каде што имаа можност да запознаат поинаков пристап кон учењето преку неформално образование. Преку заеднички активности, дружење, размена на идеи и практични искуства, учениците ги развиваа своите комуникациски и социјални вештини, тимскиот дух и меѓусебното разбирање. Во видеото ги пренесуваат дел од доживувањата и впечатоците од ова патување, кое им покажа дека учењето не се одвива само во училницата, туку и преку секое ново искуство, средба и предизвик.

Оваа видео е подготвено со поддршка од Австралиската амбасада во Србија, С.Македонија и Црна Гора. Содржината на видеото е единствена одговорност на Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и не ги изразува ставовите на Австралиската амбасада.

Споделете го написот:

Поврзани Написи