Средно образование
1. Ивана Грујиќ: „Кога минатото би било пресликано во денешната реалност“ (фотографија) 4000 ден.
2. Андреј Димов и Леана Јанковска: „Технологијата наследник на пишаниот медиум“ (фотографија) 3000 ден.
3. Ѓорги Новаковски и Марија Мачукова: „Кога зборува сегашноста минатото не треба да молчи“ (фотоприказна) 2000 ден
Основно образование:
1. Ефимија Новаковска: „Взаемни трепети“ (фотографија) 4000 ден.
2. Не е доделена
3. Не е доделена
Комисијата во состав: Петар Јанчев, Розета Картова и Тони Аврамов ги разгледа сите пристигнати творби од основното и средно образование од училиштата од општина Гевгелија и констатира дека:
– творбите ги задоволуваат техничките критериуми на распишаниот конкурс;
– според зададената тема „За мојата приказна јас сум медиумот“, поголем дел од творбите ја почитувале зададената цел, а само мал дел создале самостојна тема што не е во согласност со посочената од конкурсот;
– комисијата почитувајќи ги правилата на конкурсот и почитувањето на правилата на создавање медиумски производ одлучи да ги нагаради сите пристигнати творби.
Проектот„Јас = Медиум“ на ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот „Јас=Медиум“ е кофинансиран од Општина Гевгелија.




