Боите на зраците на дојранските утра

Михаела Ајцева

Ментор: Марија Ангова Цветковска

Ме разбуди свежото ветре кое тивко влегуваше низ отворениот прозорец. Излегов на терасата и вниманието ми го одвлече изгрејсонцето.

Румените облаци и сончевите зраци кои пробуваа да излезат на виделина, но сепак беа скупчени зад сенката на величествените планини.  Небото изгледаше како да гори во пламен. Езерото скриено под боровите Полека почна да се буди и да се капе во сончевиот сјај. Птиците почнаа да ја пејат својата утринска песна и сѐ полека почна да се буди. ,,Колку е спокоен Дојран науто”, си помислив. Следењето на овие убавини ми внесе мир во душата. Брановите ја заплискуваа брегот, а зраците од сонцето ги победија утринските магли.

Дали овој спокој го има и на друго место? Дали Господ додека го создавал рајот помислил на Дојран? Ех, колку се само убави утрата во мојот крај.

Овој текст е подготвен со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината на текстот е единствена одговорност на ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија.
Регионалната програма „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за поттикнување на медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање на дијалог“ се спроведува од страна на партнерските организации: СЕЕНПММедиацентар од СараевоАлбанскиот медиумски институтЦрногорскиот медиумски институтСоветот за етика во медиумите на КосовоМакедонскиот институт за медиумиНовосадската школа за новинарствоМировниот институт од Љубљана и Бианет (Турција), со финансиска поддршка од Европската Унија.

Споделете го написот:

Поврзани Написи