Новинар: Eлена Судар
Ментор: Mарија Ангова Цветковска

Eвгенија Јованчевска, како наставник работи 41 година, мотивирана од љубовта кон македонскиот јазик и литературата и сето тоа со желба да се пренесе на младите генерации. Денес Евгенија е во пензија.
Како изгледаа вашите први денови како наставник?
Почетокот ми беше како и завршните денови, со радост и љубов одев на работа.
Како се менуваше вашата улога како наставник низ годините?
Предизвик ми беше и учениците со нетрпение да доаѓаат на часовите и секој час да стануваат побогати со нови знаења. Некои повеќе, а некои помалку зависно од нивните интереси. Пред сè бев наставник, некогаш другар, втор родител, а и тета Евгенија.
Кој момент од вашата наставничка кариера ќе го паметите засекогаш?
Премногу моменти има за паметење радосни, сериозни, моменти на тага.
Кои ученици или генерации оставија најсилен впечаток кај вас?
Секоја генерација си имаше свои карактеристики. Секоја генерација е посебна приказна.
Дали имате некоја интересна или инспиративна приказна од вашата работа?
Има повеќе инспиративни приказни. Јас сум горда на своите ученици.

Како се менуваше образовниот систем додека работевте?
Се’ тече и се’ менува, некогаш има и грешки и пропусти.
Дали учениците денес се разликуваат од оние кога започнавте да предавате?
Има разлика и треба да има, само да се стреми на позитивно. Така ќе има напредок.
Што мислите за новите технологии и нивната примена во наставата?
Новите технологии треба да се искористат и да се напредува со нивна помош.

Што најмногу ви се допаѓаше во работата како наставник?
Ми се допаѓаше што секој час е различен за иста методска единица.
Што сметате дека е најважно што еден наставник треба да го пренесе на своите ученици?
Наставникот освен знаење треба и уште многу други работи да ги научи учениците (почит, другарство, да се развиваат позитивни работи, естетска страна, еколошка, односно да се биде човек и да се постапува човечно).
Како изгледа вашиот живот откако сте во пензија?
Животот во пензија е малку монотон.
Дали сè уште сте во контакт со поранешни ученици или колеги?
Секако дека сум во контакт, но се воздржувам да не им пречам.
Што би им препорачале на младите наставници кои сега ја започнуваат својата кариера?
Кој е најважниот совет што би го дале за успешно водење на една генерација ученици?
Со љубов и труд се постигнува сè, а младите се секогаш инспирација.
Како би сакале вашите ученици и колеги да ве паметат?
Сакам да ме паметат како добар и одговорен човек.
Што значеше наставничката професија за вас на лично ниво?
Професијата ми е најубавиот дел од мојот живот.
Доколку имате можност, дали би се вратиле во училницата?
Јас оставам на младите и сакам да им се восхитувам, по потреба би се вратила во училницата.

