Саат кула во Стар Дојран

Јована Мазнова

Ментор: Марија Ангова Цветковска

Саат кулата во Стар Дојран е еден од најзначајните културно-историски споменици во овој регион. Оваа кула, која датира од османлискиот период, сведочи за богатото историско минато на Дојран и околината.Според традицијата и записот градската Саат Кула за Дојран претставува драгоцен културно-историски објект.Изградена е на почетокот од 1372 година во XIV век, за некогашниот голем град Дојран кој броел 12.000 жители од страна на Евренос бег.Пашата ја изградил Саат Кулата во чест на војската која успеала да го помине заледеното езеро,без да се удави некој а и за освојувањето на Дојран.

Извор: фејсбук профил Dojran / Macedonia

Името го добила по саатот кој бил поставен од народот.Се гледала од секаде, а имала и ѕвоно кое го отчукувала секој саат во денот. Лоцирана е на височинката над езерото,на едно зарамнето ридско плато на некогашната Турска чаршија на легендарниот град.Под Саат Кулата се наоѓало Турското училиште кое меѓу двете светски војни било пренаменето во станбена зграда која денес е Музеј на Дојран.Саат Кулата е изградена на основа на квадрат 4x4m.Објектот е граден од тврд материјал,од делкан камен, со тенка украсна тула и малтер.Била висока околу 15m.Од старите фотографии пред Балканските војни се гледа дека Саат Кулата имала кров,кој почнувал од врвот на кулата, а завршувал со шпицест,шилест кров.На приземјето објектот имал главна врата и тесни отвори за светлина.

За време на дојранскиот фронт (1916-1918) во Првата светска војна објектот бил полуразурнат и обезличен.Бил урнат целиот горен дел на Саат Кулата, останале само ѕидовите во висина од 8 до 9m или 3m во основата и 5-6m на средниот дел од кулата.

Саат Кулата како средновековен културно-историски споменик поради негрижа на човекот, влезот во кулата кој се наоѓал на јужната страна бил значително оштетен и проширен.Саат Кулата одново е рекунструирана после еден век од нејзиното оштетување.Во 2020 година Општина Дојран изработи проект на Саат Кулата финансирана од Европската Унија.Реконструкцијата започна во 2021 година, а беше свечено пуштена на 5-ти  Ноември,истата година-на Денот на ослободувањето на Дојран.

Денес, Саат кулата во Стар Дојран е туристичка атракција и дел од културното наследство на Македонија. Иако времето оставило свој белег, кулата сè уште стои како сведоштво за богатата историја на регионот. Таа е популарна меѓу посетителите кои сакаат да го истражат старото градско јадро на Дојран и да се запознаат со неговата историја.

Саат кулата е лесно достапна и се наоѓа во близина на останатите знаменитости во Стар Дојран. Туристите можат да ја комбинираат посетата на кулата со истражување на останатите делови од стариот град, како и уживање во природните убавини на Дојранското Езеро.

Со својата историја, Саат кулата е симбол на времето што поминало, но и потсетник на вредностите и традициите кои треба да ги зачуваме.

                                          

Споделете го написот:

Поврзани Написи