Новинар: Ивана Димова
Ментор: Maрија Ангова Цветковска
Можете ли да ни кажете нешто за вашето музичко образование и како се одлучивте да станете наставник по музичко, хор и оркестар?
Уште од основно училиште почнав да свирам и сакав да останам на тој пат, а тој пат ме доведе до средно музичко училиште, па музичка академија.А за да бидам наставник работите сами се случија непланирано, таа ми беше некако прва шанса понудена уште додека бев на факултет па ми се допадна идејата да бидам наставник.
Кој или што ве инспирираше да се посветите на музиката?
Во мојата фамилија сите се музичари и сите знаат да свират на некој инструмент, на тој начин и сум израснат, а со тоа се раѓа и желба за музика и свирење.
Кои беа вашите први чекори во работењето со хор и оркестар?
Хорот и оркестарот се создадени со моето вработување во 2015 година, и од тогаш па наваму може да се пофалиме дека цело време растеме и во бројка на членови и во успеси.
Имавте изведба на „Песна за Рацин“ по повод патрониот празник од страна на Игор Џамбазов и хорот и оркестарот при ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран, а автор беше наставничката Марија Ангова Цветковска. Беше доста актуелна песната, дали повторно спремате нешто ново?
Моментално со наставничката Марија Ангова Цветковска работиме на нова химна на училиштето.
Кои се најголемите успеси што ги имате постигнато со вашиот хор или оркестар?
На почетокот на мојата кариера од 2015 па до 2018 бевме најчесто второ или трето место на регионален натпревар, со текот на времето кога и јас и учениците веќе имавме повеќе искуство почнавме да освојуваме и први места.

Можете ли да споделите пример кога сте забележале значителна промена кај некој ученик преку учеството во хор или оркестар?
Да, ако некоја работа ја работите со љубов има напредок, исто е и со музиката тие ученици кои се посветени на работата што ја работиме во хорот и оркестарот имаат солиден напредок и е видлив, самите тие се истакнуваат на настапите како солисти или како помала група-бенд и се претставуваат со композиции кој се надвор од зададената програма.
Кој е вашиот омилен момент од настапите што сте ги организирале?
Кога гледам дека од ништо сме направиле нешто, тоа никој неможе да го знае само јас и хорот и орксетарот кога од нота по нота, дел по дел сме направиле цела композиција која истата додека ја изведеме на настап ни е отсвирена или отпејана најмалку 300 пати. 😊
Каде се гледате за пет години?
Тешко е прашањето, веројатно како наставник
Што е вашата визија за музичкото образование во нашето училиште?
Да ја подобриме музичката култура и знаењето за музиката бидејќи вие немора да свирите или пеете ама мора да имаме суд за музика бидејќи музиката е секојдневие. Секој од нас слуша музика скоро секој ден било каде ама да не биде и било што, туку да знаеме што слушаме и колку е тоа квалитетно и добро за нас бидејки музиката знаеме дека може многу да влијае на нашата ментална состојба.
Што би им препорачале и која е вашата порака за учениците кои сакаат да се занимаваат со музика?
Музиката е нешто најдобро што може да ви се случи, убаво е да ја знаете и познавате и да се занимавате со музика бидејќи од самото раѓање до нашиот крај музиката не следи цело време во било каков облик.
Благодарност за одговорите и вашата посветеност кон музиката и учениците.
Ви благодарам за поканата


Овој текст е подготвен со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината на текстот е единствена одговорност на ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија.
Регионалната програма „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за поттикнување на медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање на дијалог“ се спроведува од страна на партнерските организации: СЕЕНПМ, Медиацентар од Сараево, Албанскиот медиумски институт, Црногорскиот медиумски институт, Советот за етика во медиумите на Косово, Македонскиот институт за медиуми, Новосадската школа за новинарство, Мировниот институт од Љубљана и Бианет (Турција), со финансиска поддршка од Европската Унија.

