Новогодишната магија

Новинар: Вероника Николова

Фотограф:  Филип Грозданов

Ментор: Марија Ангова Цветковска

Новогодишната магија е чувство кое не може да се опише со зборови, но секој го чувствува. Таа започнува со првите снегулки, мирисот на топло чоколадо и звукот на новогодишните песни што се слушаат низ улиците. Се изгледа како да е дел од некоја бајка, градот свети со илјадници светилки, а снегот ја покрива земјата како бел килим.

Магијата ја носат и оние мали нешта кои не прават среќни, топлината на домот, мирисот на свежи печени колачиња и смеата на најблиските. Семејствата се собираат, зборуваат за убавите спомени од годината што поминала и прават планови за она што доаѓа.За децата магијата е во неизвесноста, дали Дедо Мраз ќе ги исполни нивните желби? Додека тие ги отвараат подароците со блескави очи, возрасните се потсетуваат на радоста на малите моменти, оние што всушност го прават животот посебен.

Но, вистинската новогодишна магија е надежта. Надежта дека секоја Нова година носи нешто подобро, дека со секоја прегратка и добра желба го правиме светот помалку студен. Магијата не е само во ноќта или денот, туку во срцата кои веруваат дека чудата постојат.Новогодишната магија е токму во тоа, верба во љубовта, заедништвото и светлината што секој од нас ја носи.

Овој текст е подготвен со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината на текстот е единствена одговорност на ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија.
Регионалната програма „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за поттикнување на медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање на дијалог“ се спроведува од страна на партнерските организации: СЕЕНПММедиацентар од СараевоАлбанскиот медиумски институтЦрногорскиот медиумски институтСоветот за етика во медиумите на КосовоМакедонскиот институт за медиумиНовосадската школа за новинарствоМировниот институт од Љубљана и Бианет (Турција), со финансиска поддршка од Европската Унија.
























Споделете го написот:

Поврзани Написи