Новинар: Данче Гогова
Ментор: Mарија Ангова Цветковска
Декември е месец полн со среќа, радост и очекувања. Тој носи новогодишна магија со себе: блескави украси, светкави светилки и празнична атмосфера која го исполнува секое срце. Се чини дека сè околу нас станува поволшебно – од снежните пејзажи што блескаат под зимското сонце, до топлината во срцата што ја делиме со најблиските.
Застанав покрај прозорецот и погледот го задржав во убавите снегулки кои танцуваа како балерини. Сè беше покриено со бела покривка. Ја облеков мојата топла облека и веднаш се стрчав надвор. Чекорев по патеката, додека под моите нозе го слушав крцкавиот звук на снегот. Тоа беше како тивка симфонија на зимата, што ја следеше секоја моја мисла и чувство. Одев многу долго бидејќи не можев да го прекинам тоа уживање. Улиците беа како виножито осветлени во разни бои. Парковите беа претворени во новогодшна бајка. Елки со безброј светилки трепкаа на сите страни. Детскиот џагор се слушаше насекаде, а насмевките го правеа времето уште поубаво.
Декември е време кога семејствата се собираат заедно, создавајќи спомени што траат цел живот. Околу празничната трпеза се споделуваат не само вкусни јадења, туку и приказни, смеа и топли прегратки. Тоа е момент кога домот станува вистинско прибежиште на љубовта и радоста. Мирисот на топло чоколадо, новогодишни колачиња и варено вино ја прават атмосферата уште попријатна. Магијата е во секој миг – во насмевката на саканите, во блесокот на украсените елки и во чувството дека со секој здив впиваме надеж за подобро утре.
Новогодишните празници се моменти кои ме исполнуваат. Новогодишната магија околу мене ме прави среќна и го прави поубав овој период од годината. Секој нов ден е уште едно новогодишно патување. А секоја падната снегулка уште една насмевка и топлина во срцето. Последните денови од годината нè потсетуваат дека убавината на животот е во малите моменти и дека секој крај носи нов почеток.

Овој текст е подготвен со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината на текстот е единствена одговорност на ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија.
Регионалната програма „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за поттикнување на медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање на дијалог“ се спроведува од страна на партнерските организации: СЕЕНПМ, Медиацентар од Сараево, Албанскиот медиумски институт, Црногорскиот медиумски институт, Советот за етика во медиумите на Косово, Македонскиот институт за медиуми, Новосадската школа за новинарство, Мировниот институт од Љубљана и Бианет (Турција), со финансиска поддршка од Европската Унија.

