Баба Смиља: „Секоја черга – приказна“

Ментор: Maрија Ангова Цветковска

Новинар: Aња Танова

Секогаш кога ќе ја посетев баба ми, нејзиниот дом беше како музеј од минатото – соби исполнети со рачно изработени черги, јамболии и носии кои носеа приказни од нејзиниот живот и животот на генерациите пред нас.

Како мала, не ми беа јасни зборовите што ги зборуваше баба ми, па така на секој збор барав објаснување. Првиот реченица што ја изустив беше: „Што се тоа черги?“ Таа, со нејзиниот нежен глас, ми објаснуваше дека чергите се шари од животот. „Секоја черга е приказна“, ќе ми речеше баба, објаснувајќи како се ткаат на разбој. Боите и шарите не беа само декоративни, тие раскажуваа за природата, за обичаите и за духот на селото. Боите имаа свои симболи – црвеното за љубовта и радоста, зеленото за природата, а сината за заштита. Шарите претставуваа геометриски форми, цветни мотиви и животни, инспирирани од секојдневниот живот. Ткаењето беше сложен процес кој бараше трпение и уметност, но и многу љубов.

Продолживме со разговорот. „Оваа ја ткаев кога се роди твојата мајка“, покажувајќи ми една црвена черга со бели шарки. „Беше студена зима, но срцето ми беше полно.“

Покрај прекрасните черги, таа ги ткаела и најубавите јамболии. Јамболиите беа наредени на полиците во собата – шарени прекривки кои ги разубавувале домовите на нашите предци. Биле ткаени од волна, свила или памук. Тие не биле само декоративни, се користеле за топлење, покривање на легла или како дел од свадбени дарови. „Јамболијата ја покажува уметноста на жената“, велеше баба. „Сите гледаа која девојка има најубава јамболија.“

Од сите зборови, „носија“, ми беше најјасен, бидејќи и до ден-денес се облекуваат и можеби се најубавата и најпристојната облека за луѓето. Баба чуваше неколку носии што ги носела во младоста. Облека која не била само за секојдневието, туку и за свечености и обичаи. Носиите биле ткаени од природни материјали, украсени со везови и плетени детали. Шарите и боите на носијата зборувале за статусот, возраста и семејната состојба на жената. „Оваа ја носев на мојата свадба“, со насмевка на лицето ми раскажуваше, покажувајќи ми носија украсена со златен вез. „Тогаш немавме фабрики, сè што имавме беа нашите раце и трудот што го вложувавме.“ Сеќавањата ја враќаа во времето кога ткаењето, везењето и изработките на носии биле секојдневие.

„Секој предмет беше дел од нас.“ Чергата што ќе ја изработевме за новороденчето беше нашиот благослов за неговата иднина. Јамболијата што ја дарувавме на свадбата беше нашата желба за среќа. А носијата секогаш беше нашата гордост. Денес овие предмети се реткост, но нивната вредност е бесценета. Тие не се само ткаенини, туку и живо наследство – глас на минатото што продолжува да одекнува преку приказната на баба.

Овој текст е подготвен со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината на текстот е единствена одговорност на ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија.

Регионалната програма „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за поттикнување на медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање на дијалог“ се спроведува од страна на партнерските организации: СЕЕНПММедиацентар од СараевоАлбанскиот медиумски институтЦрногорскиот медиумски институтСоветот за етика во медиумите на КосовоМакедонскиот институт за медиумиНовосадската школа за новинарствоМировниот институт од Љубљана и Бианет (Турција), со финансиска поддршка од Европската Унија.

Споделете го написот:

Поврзани Написи