Новогодишна бајка

Новинар: Армине Салија

Ментор: Марија Ангова Цветковска

Во една магична вечер, училиштето се претвори во вистинска бајка. Сјајните светилки блескаа како илјадници ѕвезди, разнобојните украси носеа радост и насмевки, а сцената изгледаше како дел од приказна. Децата, облечени во новогодишни облеки, со љубопитност и возбудување ги следеа настапите. Најголемото внимание го привлече Дедо Мраз, кој со топла насмевка ги поздравуваше сите присутни. Неговата придружничка, облечена како принцеза од бајките, го направи моментот уште поволшебен. Детскиот глас од среќа одекнуваше низ училишниот хол, додека малите рачиња го поздравуваа секој нов момент. Покрај изведбите, уште една посебна знаменитост беше новогодишниот базар. Штандовите беа украсени со прекрасни рачно изработени украси, слатки и подароци, кои привлекуваа погледи и носеа радост кај сите посетители. Родителите и децата заедно ги разгледуваа креативните изработки, а секоја купена ситница го збогатуваше духот на празникот. На сцената се нижеа различни изведби, музика, песни, танци, сè со една цел да донесат празнична магија во срцата на сите. Светлосните ефекти го исполнуваа училиштето со шарени тонови, а публиката уживаше во топлината и енергијата на овој посебен настан. Оваа Новогодишна бајка покажа дека магијата не е само во подароците, туку и во заедничките моменти, во насмевките и во љубовта што ја делиме.

Овој текст е подготвен со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината на текстот е единствена одговорност на ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија.
Регионалната програма „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за поттикнување на медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање на дијалог“ се спроведува од страна на партнерските организации: СЕЕНПММедиацентар од СараевоАлбанскиот медиумски институтЦрногорскиот медиумски институтСоветот за етика во медиумите на КосовоМакедонскиот институт за медиумиНовосадската школа за новинарствоМировниот институт од Љубљана и Бианет (Турција), со финансиска поддршка од Европската Унија.


















Споделете го написот:

Поврзани Написи