Дојранската лековита кал

Новинар: Матеа Кадиева

Ментор: Марија Ангова Цветковска

Дојран е познат по својата лековита кал и клима, кои се особено препорачливи за здравствени третмани и релаксација. Калта од Дојранското Езеро е богата со минерали и органски материи. Се верува дека помага при реуматски заболувања, кожни проблеми,  болки во мускулите и зглобовите. Калта се користи во форма на облоги или доста  популарно е и мачкањето  со кал за подобрување на циркулацијата и детоксикација на телото.

Во месец Август водата во езерото е најлековита, тоа е период кога цветаат алгите. При цветењето на алгите, се ослободува  јод.

Дојран има медитеранска клима со многу сончеви денови, свеж воздух и висока концентрација на кислород. Оваа клима е погодна за луѓе со респираторни проблеми и помага во релаксација и обновување на енергијата.

Дојранското Езеро е привлечна дестинација за туристи кои бараат природна терапија и релаксација. Покрај здравствените придобивки, регионот е познат по прекрасната природа и традиционалната македонска кујна.

Овој текст е подготвен со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината на текстот е единствена одговорност на ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија.
Регионалната програма „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за поттикнување на медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање на дијалог“ се спроведува од страна на партнерските организации: СЕЕНПММедиацентар од СараевоАлбанскиот медиумски институтЦрногорскиот медиумски институтСоветот за етика во медиумите на КосовоМакедонскиот институт за медиумиНовосадската школа за новинарствоМировниот институт од Љубљана и Бианет (Турција), со финансиска поддршка од Европската Унија.

Споделете го написот:

Поврзани Написи