Во рамките на проектот „Моја приказна – мој медиум“ што го спроведува ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија, на 27.5.2025 г. се одржа филмска работилница со режисерката Марија Џиџева.

На работилницата учениците од Медиумскиот клуб „МИГ“ од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци, кои работат под менторство на наставничката Маја Танова, учеа за основните алатки за снимање односно создавање видео (што сè е потребно за продукција на видео, односно за новинарски видео прилог).

Учесниците имаа можност да ги научат начините на создавање и продуцирање видео преку практични вежби, а за задача секој тим има за цел да изработи автентично видео.

На претходно изработени текстови (приказни), работени на претходните работилници со новинарите, учесниците направија план за работа со можни кадри за снимање односно за креирање на видеото.

Учесниците ќе имаат и работилница за монтирање на снимениот материјал, со професионален видео-монтажер, односно комплетирање заради објава на истиот на веб-страницата на проектот.

Овој текст е подготвен со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината на текстот е единствена одговорност на ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија.
Регионалната програма „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за поттикнување на медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање на дијалог“ се спроведува од страна на партнерските организации: СЕЕНПММедиацентар од СараевоАлбанскиот медиумски институтЦрногорскиот медиумски институтСоветот за етика во медиумите на КосовоМакедонскиот институт за медиумиНовосадската школа за новинарствоМировниот институт од Љубљана и Бианет (Турција), со финансиска поддршка од Европската Унија.