Новинар: Mихаела Ајцева
Ментор: Maрија Ангова Цветковска
Во четврток на 12.12.2024 во спортската сала во ООУ “ Васил Главинов” во Велес, се одигра зонски натпревар во одбојка категорија машки за основни училишта, во зона запад во кој учествуваа и нашите ученици.
Напреварите завршија со следните резултати:
1.место ООУ ,,Васил Главинов ” од Велес
2.место ООУ ,,Владо Катранџиев ”од Гевгелија
3.место ООУ,,Кочо Рацин’’од Нов Дојран.
,,Натпреварувачкиот дух, ја нагласува важноста на учеството, напорите и искуството, над самиот резултат. Идејата е дека спортот треба да биде извор на личен раст, дисциплина и соработка, а не само натпреварување за победа. “- рече нашиот наставник по ФЗО Драган Вурмо.
Им посакуваме среќа на победниците, пофалба за вложениот труд и работа и најважно е да сфатиме дека:
- Спортот не учи на фер-плеј, упорност и почитување на противникот.
- Учеството на натпревар ја гради личноста, помагајќи во развојот на карактерот, тимската работа и справувањето со успеси и неуспеси.
- Искуството што се стекнува е повредно од крајниот резултат, бидејќи го обликува начинот на кој ги гледаме предизвиците во животот.
Се надеваме на големи успеси на нашите ученици во иднина, но сепак, иако победата не е најважна, тоа не значи дека не треба да се стремиме кон најдоброто, бидејќи самиот напор да се постигне целта е дел од учењето и напредокот.


Овој текст е подготвен со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината на текстот е единствена одговорност на ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија.
Регионалната програма „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за поттикнување на медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање на дијалог“ се спроведува од страна на партнерските организации: СЕЕНПМ, Медиацентар од Сараево, Албанскиот медиумски институт, Црногорскиот медиумски институт, Советот за етика во медиумите на Косово, Македонскиот институт за медиуми, Новосадската школа за новинарство, Мировниот институт од Љубљана и Бианет (Турција), со финансиска поддршка од Европската Унија.

