Ученици од Општина Гевгелија во рамките на проектот „Јас=Медиум“ на ЗГ „Од станица до граница“ ја посетија Македонската телевизија.
Посетата на ученици на Македонската телевизија беше одлична можност да го видат процесот на создавање телевизиски содржини и да дознаат повеќе за работата зад кулисите на телевизиската продукција.
Во рамките на проектот „Јас=Медиум“ беа предвидени и остварени неколку сегменти при посетата на телевизијата. Обиколка низ студијата и разговори со професионалците во различни области на продукцијата (режија, монтажа, новинарство и сл.) беа дел од посетата со приказ на производство на вест и демонстрација на емисии што најчесто се емитуваат во живо.
Учениците имаа можност сами да направат симулација на емисија и да застанат на пултот како новинари-водители за да ја почувствуваат магијата на овој медиум.
Посетата на МТВ се реализира во рамките на проектот „Јас=Медиум“ на ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија кој се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот „Јас=Медиум“ е кофинансиран од Општина Гевгелија.

