Во ООУ „Ристо Шуклев“ – Негорци и ООУ „Климент Охридски“ – Миравци преку проектот „Јас=Медиум“ на ЗГ „Од станица до граница“ се одржа работилница на тема: Влијанието на социјалните мрежи врз развојот на младата личност и последиците што може да настанат од прекумерната употреба на интернетот.
Проектот„Јас = Медиум“ на ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот „Јас=Медиум“ е кофинансиран од Општина Гевгелија.










Post Views: 23

