Тијана Николовска и Убавка Трајкова
Ментор: Маја Танова
Што е сајбер насилство?
Сајбер насилство претставува злоупотреба на технологијата за малтретирање, навредување или заплашување на други лица.
Се одвива преку: социјални мрежи, е-пошта, пораки, видео игри…
Форми на сајбер насилство:
Навредливи пораки: пишување навреди или омаловажувачки коментари.
Закани: испраќање пораки со цел да се предизвика страв.
Омаловажување: јавно исмејување или понижување.
Споделување приватни информации: објавување лични детали без согласност.
Последици од сајбер насилството
Емоционални: стрес, анксиозност, депресија.
Социјални: изолирање и намалена самодоверба.
Физички: проблеми со спиењето и здравјето.

Како да се заштитиме од сајбер насилството?
Поставување приватност: ограничување на информациите кои ги споделуваме.
Блокирање: отстранување на агресорот од контакт.
Пријавување: известување на платформите или властите.
Барање поддршка: разговор со пријатели, семејство или советник.
Како да се бориме против сајбер насилството?
Едукација за одговорно користење на технологијата.
Создавање позитивна онлајн средина.
Поттикнување емпатија и толеранција.
Сајбер насилството е сериозен проблем што може да има трајни последици. Сите ние имаме одговорност да создадеме побезбедна дигитална средина. Онлајн светот е место за комуникација, а не за насилство!

Овoј пост е подготвен со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината на текстот е единствена одговорност на ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија.
Регионалната програма „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за поттикнување на медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање на дијалог“ се спроведува од страна на партнерските организации: СЕЕНПМ, Медиацентар од Сараево, Албанскиот медиумски институт, Црногорскиот медиумски институт, Советот за етика во медиумите на Косово, Македонскиот институт за медиуми, Новосадската школа за новинарство, Мировниот институт од Љубљана и Бианет (Турција), со финансиска поддршка од Европската Унија.

