Научи да скијаш: Водич за почетници и ентузијасти

Марија Ангова Цветковска

Успешно го реализиравме зимскиот камп „Научи да скијаш 2025“ со прекрасните деца од Дојран! Поминавме шест незаборавни денови на снежните патеки, уживајќи во удобноста на хотелот и во убавините на природата.

Искрена благодарност до сите деца кои беа пример за одлично однесување и тимски дух. Овие денови беа исполнети со радост, забава, дружење, учење и уживање – моменти кои засекогаш ќе останат врежани во нашите сеќавања.

Смеењето, заедничката енергија и успесите на скијачките патеки се непроценливи! Чувствувам голема гордост што имав можност да бидам дел од нивниот развој, да ги инспирирам да ја засакаат природата и спортот и да им помогнам да создадат спомени кои ќе траат цел живот.

Да продолжиме заедно да ги негуваме ваквите моменти и да градиме уште поубави спомени! ⛷️❄️

Наставник и нструктор Драган Вурмо: Твојот партнер за совршени техники

Наставникот Драган Вурмо е со  долгогодишно искуство и има индивидуален пристап кон секој ученик, Драган е познат по својата професионалност и страст за скијањето.

Драган работи со почетници, но и со поискусни скијачи кои сакаат да ги усовршат своите вештини. Неговите часови се прилагодени според нивото на ученикот.

„Мојата цел е секој да се чувствува сигурно и удобно на скиите, но и да ужива во убавината на планината,“ вели Драган.

Споделете го написот:

Поврзани Написи