На 12 мај 2025 г. во ООУ „Климент Охридски“ во Миравци, беше изведена претставата „Лажни вести – грешки чести“ од Драмската група „Дон Кихот“ при СОУ „Јосиф Јосифовски“, во режија на професорката Даниела Џишева.

Претставата се одигра во рамките на проектот „Моја приказна – мој медиум“ што ЗГ „Од станица до граница“ го спроведува во неколку основни училишта во регионот.

 

Оваа фотогалерија е подготвена со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината на текстот е единствена одговорност на ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија.

Регионалната програма „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за поттикнување на медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање на дијалог“ се спроведува од страна на партнерските организации: СЕЕНПММедиацентар од СараевоАлбанскиот медиумски институтЦрногорскиот медиумски институтСоветот за етика во медиумите на КосовоМакедонскиот институт за медиумиНовосадската школа за новинарствоМировниот институт од Љубљана и Бианет (Турција), со финансиска поддршка од Европската Унија.