Врснички форум театар против насилство во училиштата

Со проектните активности се третира проблемот на врсничко насилство во училиштата во Општина Гевгелија, во насока на: препознавање, превенција и постапување. До сега не се обрнувало големо внимание на оваа тема, особено, не преку холистички пристап како што е планиран во проектот, опфаќајки широка целна група на учесници, кои имаат влјание и одговорност во справувањето со оваа појава. Нетретирањето на врсничкото насилство поттикнува нови видови насилства и жртви и предизвикува негативни последици на индивидуално ниво кај жртвите и сторителите, но и пошироко во заедницата.

Планираните активности дадоа придонес кон создавање училишни средини без врсничко насилство и со унапредена меѓусебна толеранција и разбирање.

Со проектот се постигнаа следните цели:

  • Зајакнување на капацитите на учениците во основните и средните училишта за превенција и справување со врсничко насилство
  • Унапредување на компетенциите на наставниот кадар, психо-педагошкиот тим за детектирање, превенција и структуриран пристап во справување со врсничкото насилство
  • Јакнење на меѓусекторската соработка на сите вклучени институции во системски одговор на ситуации на врсничко насилство
  • Зајакнување на компетенциите на вклучените од училиштата за недискриминација по однос на пол и род при постапување во ситуации на врсничко насилство

Во проектните активности беа опфатени 1400 ученици од четирите основни училишта и едно средно училиште од Општина Гевгелија преку интерактивни едукативни работилници. Во обуките беа вклучени 245 вработени во образовниот процес  230 наставници и професори (од кои 70 класни раководители) и 15 стручни работници (педагог/психолог). Во средбите за јакнење на меѓусекторската соработка беа вклучени 10 претставници од државни институции (Општина Гевгелија, ЈУ ЦСР Гевгелија, СВР Гегелија). Со проектот се реализираа посебни обуки за наставниот кадар, интерактивни работилници со учениците, Форум театарска претстава за родители, ученици и поширока јавност и Работна експертска средба со претставници од училиштата и горенаведените институции.

Проектот започна во август 2022 година, а заврши во септември 2023 година.

Лице за контакт: Тони Аврамов

Проектот „Врснички форум театар против насилство во училиштата“ е одобрен од  „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2)”, финансирана од Европската унија, а спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Гевгелија. Истиот ќе го имплементираат здруженијата „Од станица до граница“ и „Рубикон“.

Споделете го написот:

Поврзани Написи