Зборовите и тишината како огледало на внатрешниот свет

Ментор: Марија Ангова Цветковска

Нoвинар: Ивана Димова

Во длабоката тишина излегува духовната мудрост, се раѓаат длабоки мисли. Тишината е божествена.

Зборовите се само начин на комуникација, тие се уметничка четка со која ја насликуваме нашата внатрешност. Од друга страна, тишината зборува на свој начин. Таа може да биде знак на размислување, удобност, болка или повлекување. Во некои ситуации, молчењето е помоќно од кој било збор, носејќи порака на разбирање, почит, па дури и отпор. Рамнотежата помеѓу зборовите и тишината е клучна за автентична комуникација. Оној што знае кога да зборува и кога да молчи, најчесто најдобро го разбира и себеси и другите.

Начинот на кој зборуваме или молчиме открива многу за нашиот внатрешен свет. Зборовите ги изразуваат нашите мисли, чувства и уверувања. Тие можат да бидат полни со емоции и длабочина или внимателно избрани за да ја пренесат вистинската порака. Тоналитетот, брзината и стилот на говорот дополнително ги откриваат нашите внатрешни состојби – од возбуда и самодоверба до несигурност и тага. Зборувањето е уметност на душата, а молчењето е уметност на духот.

Овoј пост е подготвен со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината на текстот е единствена одговорност на ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија.

Регионалната програма „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за поттикнување на медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање на дијалог“ се спроведува од страна на партнерските организации: СЕЕНПММедиацентар од СараевоАлбанскиот медиумски институтЦрногорскиот медиумски институтСоветот за етика во медиумите на КосовоМакедонскиот институт за медиумиНовосадската школа за новинарствоМировниот институт од Љубљана и Бианет (Турција), со финансиска поддршка од Европската Унија.

Споделете го написот:

Поврзани Написи