МОИТЕ ЗБУНЕТИ ГОДИНИ

Новинар: Лара Танова

Ментор: Марија Ангова Цветковска

Секој период од животот носи свои предизвици, но „збунетите години“ се посебна фаза. Тоа се годините кога човек стои на прагот меѓу детството, со сите негови игри, безгрижност и зрелост, со нејзините обврски и очекувања. Овој преоден период е исполнет со прашања, размислувања и често со чувство на збунетост. За мене ,овие години се време кога го запознавам не само светот околу себе, туку и своето место во него. Мешавина од возбуда, несигурност и љубопитност ги прави овие години посебни и незаборавни.

Во овие години почнав да забележувам промени во сè – од моите мисли до односите со луѓето околу мене. Емоциите ми станаа поинтензивни, а моето гледање на светот се промени. Понекогаш се чувствувам полна со самодоверба, како да можам да ги совладам сите пречки и да го освојам светот. Во тие моменти, сè ми изгледа лесно и остварливо. Но, веднаш потоа доаѓаат моменти кога се сомневам во себе, кога се прашувам дали сум на вистинскиот пат и дали правилно постапувам. Почнав поинаку да гледам на пријателството и односот со најблиските. Сфаќам дека не е секогаш лесно да се биде разбирлив или разбран, но токму тие искуства ме учат да бидам подобра личност. Понекогаш, едноставните работи ми носат најголема радост, како искрен разговор со пријател или момент на смеење. Сепак, постојат и мигови кога прашањата за иднината и несигурноста ги исполнуваат моите мисли, но сфаќам дека тоа е природен дел од растењето.

Сега, додека ги минувам овие години, се чувствувам како да стојам на работ од нешто ново и неизвесно. Понекогаш сум сигурна во себе, а понекогаш не знам што да правам. И кога се чувствувам изгубено, знам дека тоа е дел од патувањето. Збунетоста ме движи напред, ме учи на важни лекциии за себе и за светот околу мене.

Овој текст е подготвен со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината на текстот е единствена одговорност на ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија.
Регионалната програма „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за поттикнување на медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање на дијалог“ се спроведува од страна на партнерските организации: СЕЕНПММедиацентар од СараевоАлбанскиот медиумски институтЦрногорскиот медиумски институтСоветот за етика во медиумите на КосовоМакедонскиот институт за медиумиНовосадската школа за новинарствоМировниот институт од Љубљана и Бианет (Турција), со финансиска поддршка од Европската Унија.

Споделете го написот:

Поврзани Написи