Оглас за одржување работилници со новинари

Здружението на граѓани „Од станица до граница“ врз основа на одобрен проект „Моја приказна – мој медиум“ врз основа на член 77 од Законот за јавни набавки (Службен весник на РМ БР.24/19) согласно барањата на проектот донесе одлука за објавување оглас за одржување работилници со новинар со ученици од основно и средно образование во: ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран, ООУ „Ристо Шуклев“ – Негорци, ООУ „Климент Охридски“ – Миравци, ООУ „Кирил и Методиј“ – Стојаково и СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија, за следните теми:

  • Што е медиумска писменост?
  • Како се создава вест/информација;
  • Како да создадам добра информација / статија.

Во секое училиште треба да се  одржат по две (2) работилници или вкупно десет (10) работилници;

Секој апликант треба да поднесе:

– методологија и форма на изведување на работилниците;

– да поседува сопствени технички материјали (ЛЦД-проектор, видео камера, фотоапарат, а по можност и да поседува сопствено студио за монтирање (едитирање на видеоматеријали);

– CV (биографија)

Според Законот за додадена вредност Проектот не подлежи на ДДВ, затоа цените треба да бидат без прорачунат данок на додадена вредност; 

Критериум за доделување/избор за јавна набавка според член 99 од Законот за јавна набавка се утврдува врз основа на најниска цена.

Ве молиме да ни ја доставите Вашата понуда најдоцна до 15.10.2024 г.  до 15.00 часот по електроски пат на е-mail: odstanica@yahoo.com .

За дополнителни информации обратете се на телефон 070 319 735 (Тони Аврамов – претседател на ЗГ „СГ“).

Овoј пост е подготвен со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината на текстот е единствена одговорност на ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија.

Регионалната програма „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за поттикнување на медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање на дијалог“ се спроведува од страна на партнерските организации: СЕЕНПММедиацентар од СараевоАлбанскиот медиумски институтЦрногорскиот медиумски институтСоветот за етика во медиумите на КосовоМакедонскиот институт за медиумиНовосадската школа за новинарствоМировниот институт од Љубљана и Бианет (Турција), со финансиска поддршка од Европската Унија.

Споделете го написот:

Поврзани Написи