Од идеја до медиумски продукт: гласот на младите од Гевгелија

Учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија активно учествуваа на еднодневната работилница за медиумска писменост и изработка на медиумски содржини, каде преку интерактивна работа и практични вежби ги унапредија своите знаења за критичко следење на медиумите, препознавање дезинформации и создавање квалитетни медиумски содржини.

Како продолжение на работилницата, учениците работеа на развој на сопствени медиумски продукти на теми што ги засегаат младите и нивните заедници. Со поддршка од ментори, тие создадоа три медиумски продукти во различни формати, преку кои ги истражуваа и претставуваа своите ставови, идеи и пораки за општествени прашања кои ги сметаат за важни.

Активностите беа реализирани во рамки на проектот „Media Education for Youth Advocacy / Медиумска едукација за младинско застапување“, спроведуван од Македонскиот институт за медиуми (МИМ), а финансиран од Австралиската амбасада.

ВИДЕО: ШТО МУ НЕДОСТИГА НА МОЈОТ ГРАД?

Ученичката Викторија Тодорова преку своето видео го поставува прашањето: Што му недостига на нашиот град за да биде уште поубаво место за живеење? Низ младешка перспектива и личен поглед кон Гевгелија, таа нè поттикнува да размислиме за потребите на градот, желбите на неговите жители и можностите за создавање подобра иднина.

Ова видео е подготвено со поддршка од Австралиската амбасада во Србија, С.Македонија и Црна Гора. Содржината на видеото е единствена одговорност на Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и не ги изразува ставовите на Австралиската амбасада.

Споделете го написот:

Поврзани Написи