- Опис на активноста:
ЗГ „ОД СТАНИЦА ДО ГРАНИЦА“ од Гевгелија преку проектот „Јас = Медиум“ кој се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), кофинансиран од Општина Гевгелија, има потреба од изработка на едукативни видеа со теми од медиумска писменост:
Тема 1: Креирај теми со добар квалитет;
Тема 2: Право на приватност и
Тема 3: Фишинг
Видеата треба да се изработат врз основа на сценарија кои ќе бидат договорени во консултација со проектниот тим на „Јас=Медиум“. Истите ќе бидат наменети за прикажување и оставање во трајна сопственост на основните и средни училишта од Општина Гевгелија за употреба на класните часови во наставните содржини посветени на медиумската писменост и на социјалните медиуми.
2.
Право на конкурирање:
-правни и физички лица што се занимаваат со снимање и продукција на видеоматеријали.
- Кандидатите за изработката на видеата треба да ги исполнат следните услови:
- Осмислување на сценарио на 3 (три) видеа со посочените теми;
- Снимање, продукција и монтажа на 3 (три) видеа;
- Секојдневна комуникација и координација со проектниот тим;
- Да имаат претходно искуство со снимање и монтажа на видеоматеријали.
- 3.
- Рок за спроведување:
Работата на оваа активност треба да биде спроведена во период од 28.10.2023 г. до 4.11.2023 г.
Најдоцна до 25.10.2023 г. до 16.30 часот сите заинтересирани треба да обезбедат и достават:
- За правни лица:Референци (портфолио) за Понудувачот во подготовка и испорака на ваков тип услуги;
- Финансиска понуда. Проектот е ослободен од ДДВ и понудите треба да бидат исклучиво БЕЗ ДДВ
- За физички лица:
- Детална биографија;
- Референци (портфолио) за подготовка и испорака на ваков тип услуги;
- Финансиска понуда. Проектот е ослободен од ДДВ и понудите треба да бидат исклучиво БЕЗ ДДВ
Предвид ќе бидат земени само оние понуди од физички или правни лица кои ги исполнуваат условите и кои ќе испратат комплетна документација.
- 4.
- Начин на избор:
ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија , во согласност со одредбите од договорот на проектот, ќе спроведе повик со прибирање на најмалку 3 (три) понуди. Критериум за избор, покрај цената, е искуството во подготовка на видеа (портфолио на организацијата или лицето).
Сите кандидати ќе бидат известени за резултатите од барањето за прибирање понуди за ангажирање на физичко или правно лице за видео продукција, по електронски пат, во рок од 3 дена по затворањето на конкурсот.
Документите со предмет на пораката Понуда за ангажирање на физичко или правно лице за видео продукција можете да ги доставите на следниов начин по електронска пошта:
Нецелосните пријави и пријавите пристигнати по крајниот рок нема да бидат разгледувани.